И З В Е С Т У В А Њ Е

Ги известуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да се пријават на јавниот оглас за прием во почетна обука за VIII генерација, дека Академијата интензивно работи на ревидрање на базата  со прашања, што подразбира повлекување на прашања кои се вон Програмата за приемен испит, прилагодување на прашањата и понудените одговори согласно измените на законите, како и делумно освежување на базата со нови прашања, согласно Програмата за приемен испит која е веќе објавена на Веб страната на Академијата.

По завршување на процесот на ревидирање, односно конечноста на базата, Академијата навремено ќе извести на својата Веб страна.

За таа цел ве молиме редовно да ја следите Веб страната на Академијата.

Сите заинтересирани кандидати можат да пристапат до базата на следниот линк: http://prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители