И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Сите заинтересирани кандидати кои имаат прашања поврзани со објавувањето на огласот, потребната документација и слично, во насока на добивање брз и ефикасен одговор, а имајќи предвид  дека голем дел од вашите прашања се повторуваат, Ве молиме истите да ги поставувате преку Веб страницата на Академијата.

Имено, на Веб страницата на Академијата https://jpacademy.gov.mk/faq/ во делот на „Често поставувани прашања“, можете да го поставите вашето прашање и службите на Академијата ќе ви одговорат во најкраток можен рок.

Ве молиме редовно следете ја нашата Веб страница, бидејќи Академијата навремено ќе известува за сите новини во врска со огласот за прием на нова генерација слушатели во почетна обука.

 

Академија за судии и јавни обвинители

Директор,

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска