Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019-2021

Ве известуваме дека полагањето на практичниот (писмениот) дел од приемниот испит ќе се одржи на 09, 10 и 11 ноевмври во просториите на компјутерскиот центар на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје.

Воедно ве известуваме дека листата на положени кандидати од тестот за интегритет како и термините за полагање на практичниот дел ќе бидат објавени во понеделник (04.11.2019). Исто така, во текот на наредната недела ќе биде објавена и прелиминарната ранг-листа по решенијата на Комисијата за приемен испит и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Со почит

Директор

Проф. Д-р. Наташа Габар Дамјановска