Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Советот на Европа, во рамките на проектот HELP, организира советување на тема: „Образложение на кривичните пресуди“, кое ќе се одржи на 06 ноември (среда) 2019 година, во Хотел „Холидеј Ин“ – Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судиите од кривичните оддели и стручните соработници од сите апелациони подрачја .
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Валентина Боз претставник од Хелп – Западен Балкан, генерален директорат за човекови права и владеење на правото и Советот на Европа, г-а Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-н Велимир Деловски, национален предавач од ХЕЛП.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Во рамките на настанот ќе бидат доделени и дипломи на учесниците кои ја поминаа општата обука на обучувачи на ХЕЛП програмата.
Агендата за доделувањето на дипломите можете да ја преземете тука.