Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка Центарот за еколошка демократија- Флорозон, организираат советување на тема „ Закон за животна средина и правда“ кое ќе се одржи во период од 29-31 октомври 2019 година (вторник-четврток) во хотел Аквалина во Охрид.
На советувањето свое излагање ќе има експерт од Здружението ЕMLA во Унгарија, кое претставува организација која работи за законодавството за животна средина и управување со животната средина на национално, европско и меѓународно ниво.
Советувањето е наменето за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука