ОБУКА на тема “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза”

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права организираат обука во рамки на проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” кој е финансиран од страна на National Endowment for Democracy (NED).

Обуката за говор на омраза ќе се одржи во период од 28-29 октомври 2019 година во хотел Белви во Охрид.

Главната цел на проектот е да се придонесе кон воспоставување на ефективни механизми на заштита на правата на граѓаните во контекст на слободата на изразување.

 Со цел воспоставување на механизми на заштита против говор од омраза, Хелсиншкиот комитет ја утврди потребата од зајакнување на капацитетите на јавните обвинители за препознавање и иницирање на истраги за говор на омраза. Со цеј зајакнување на капацитетите на обвинителството во препознавање, следење и справување со случаите поврзани со говор на омраза, Комитетот во рамки на овој проект предвидува една дводневна обука за јавните обвинители и советниците.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете Тука