Календар на Активности

За Aкадемијата - директор

 

Согласно Законот за Академијата за  судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88 од 02.07.2010) органи на Академија се Управниот одбор, Директорот, Заменик на  Директорот  и Програмскиот совет.

 

Д И Р Е К Т О Р

 

Директорот е раководен орган на Академијата. Директорот на Академијата се именува од Управниот одбор врз основа на јавен оглас. Директорот на Академијата ја застапува и ја претставува Академијата, се грижи за извршување на одлуките на Управниот одбор, раководи со работата на Академијата, одговара за законитоста во работењето на Академијата и врши и други работи кои се неопходни за работењето на Академијата.

 

Директор на Академијата e Анета Арнаудовска, судија на Основниот суд Скопје I Скопје.

Aneta Arnaudovska

м-р Анета АРНАУДОВСКА,судија

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Датум и место на раѓање

 

22 Ноември 1961, Скопје

 

Домашна адреса

22/28 ул „Васил Ѓоргов“, 1000 Скопје

Телефон

Домашен: 00 389 2/3127-285

 

Мобилен:  00 389 071/ 248-560

 

Службен: : 00 389 2/401 – 560

Електронска пошта

Aneta.Arnaudovska@jpacademy.gov.mk

anarnaudovska@yahoo.com

 

ОБРАЗОВАНИЕ

 

 

2016 година – Докторант на Правни науки-потпрограма- Правна реторика и аргумeнтација- Правен Факултет „Јустинијан Прв“ Скопје при Универзитетот Св. „Кирил  и Методиј“ – Скопје

2015 година - Магистер на казнено правни науки, Катедра за Казнено право и криминологија- Правен Факултет „Јустинијан Прв“ Скопје при Универзитетот Св. „Кирил  и Методиј“ – Скопје (назив на магистерскиот труд „Улогата на ГРЕКО  во подобрување на антикорупциските мерки и политики во Република Македонија“

1986 година -Правосуден испит

1984 година - Дипломиран правник-  Правен Факултет „Јустинијан Прв“ Скопје при Универзитетот Св. „Кирил  и Методиј“ – Скопје

1979 година - Гимназија  „Јосип Броз Тито“, Скопје

 

 

РАБОТНО ИСКУСТВО

 

 

1986- 1996- Стручен соработник во Основен суд Скопје 1 Скопје

1996 – 2006 - Судија во кривичниот оддел на Основен суд Скопје 1 Скопје  

2002- 2006 - Претседател на кривичниот оддел на Основен суд Скопје 1 Скопје

2006-Директор на Академијата за судии и јавни обвинители (функцијата на судија е во мирување

2004- 2015  Член на работната група на Консултативниот совет на европските судии –Совет на Европа (КСЕС)

2012- Шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО (Група на земји против корупцијата) - Совет на Европа

2015- Предавач на отсекот за Клиничка настава по казнено материјално и казнено процесно право на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“во Скопје

2008- Предавач на Листата на постојани предавачи во Академијата за судии и јавни обвинители

2012-2013- Предавач за новиот Закон за кривична постапка во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на РМ

2011-2013 - Член на работната група за изработка на работни материјали за обука за новиот Закон за кривична постапка

 

ДОПОЛНИТЕЛНО  ИСКУСТВО

 

 

 2016- Член на Оценската Мисија на ГРЕКО Комитетот при Совет на Европа за евалуација на судскиот систем на Република Австрија

 2015- Претставник на Академијата за судии и јавни обвинители во Мрежата на институции за обука на правосудството од Западен Балкан

 2014 Член на Оценската Мисија на ГРЕКО Комитетот при Совет на Европа за евалуација на судскиот систем на Црна Гора

 2013 - Член на Програмскиот комитет при Меѓународната организација за судска обука (IOJT)

 2011- Член на работната група на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) за Поглавје 23

 2007 - Претставник на Академијата за судии и јавни обвинители во Европската мрежа за правосудна обука (ЕЈТН)

 

ДРУГИ АКТИВНОСТИ

 

 

2015

 -Член на работната група на Регионалниот Проект „Правна заштита против дискриминацијата во Југоисточна Европа“ спроведуван од страна на ГИЗ Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – правна реформа.

-Член на Проектниот Комитет ИПА Твинг Проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“ со Државната Комисија за спречување на Корупција и Сојузната служба за администрација на СР Германија

-Член на Проектниот Комитет ИПА Проект „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки

-Член на работната група за изработка на Законот за укажувачите и за измени и дополнувања на  Законот  за спречување на корупција

-Член на работната група при Министерството за правда на Република Македонија за изработка на Стратегијата за реформи во правосудството и на Стратегијата за реформи во казненото законодавство

-Член на работната група за изработка на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси - 2015-2016 година,

2014

-Работна група за изменување и дополнување на  Законот  за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за Академијата

 2011-

-Член на Проектниот Комитет за јуриспруденција „МАТРА“ на Кралството Холандија

-Член на работната група и предавач за темата конфискација во рамките на Проектот

-„Поддршка на антикорупциските мерки и политики“  со Амбасадата на Кралството Велика Британија и Северна Ирска

-Член на работната група за изготвување на Националната стратегија за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика

-Член на Советот за стратегија на реформи на правосудниот систем на Република Македонија

2009-

-Претседател на работната група формирана во Министерството за правда за подготовка на акциониот план за имплементација на новиот Закон за кривична постапка и на работната група за измени и дополнувања на законот за Академијата

-Член на работната група при Судскиот буџетски совет за изработка на буџетска стратегија и работа на измените на Законот за извршување на буџетот

-Член на работната група во рамките на Меѓународната организација за миграција (IOM) за подготовка на програма за обука за трговија со луѓе и криумчарење мигранти

-Член на работната група во рамките на USAID Проектот за изработка на стратегија за судската власт за 2010 -2012 година

2006-

-Член на Судскиот буџетски совет

Член на Советот за правосудни реформи

 

Превземи Биографија

Одлука за повторно именување на судија Анета Арнаудовска за директор на Академијата.