Календар на Активности
СOВEТУВAЊE на тeмa: ,,Одговорност на управителите за надоместна штета согласно ЗТД со примери од судската практика”  | 12/05/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,,Одговорност на управителите за надомест на штета согласно ЗТД со примери од судската практика’’,  кое ќе се одржи на 16 мај 2017 година (вторник), во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански и трговски оддели од апелационо подрачје Скопје и адвокати.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Марко Андонов, од Универзитет т ,,Американ колеџ” Скопје и г-а Татјана Сусулеска, од Aпелационен суд Битола


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Одговорност на содружниците и акционерите во трговското друштво
  • Одговорност на органите на управување и на надзорниот одбор во АД
  • Одговорност на членови на органите на управување и надзор за обврските на трговските друштва од аспектна Законот за стечај

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1

2. Презентација2

3. Презентација3 .