Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СOВEТУВАЊЕ на темa: ,,Хaшка конвенција за граѓанско правните аспекти на меѓународното грабнување на деца”  | 09/11/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,,Хашка конвенција за граѓанско правните аспекти на меѓународното грабнување на деца’’, што ќе се одржи на 10 ноември 2017 година (петок), во просториите на Академијата-ламела 3, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите и советниците/судските соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето свое излагање ќе имаат г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје II - Скопје и г-а Бранка Дадасовиќ, психолог во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје.


АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:
1. Презентација1
2. Презентација2