Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ОБУКА НА ТЕМА: Водење и презентирање на случај ,истраги поврзани со наркотици  | 06/09/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработката со Амбасадата на САД и Меѓународната програма за помош и обуки при водење на кривични истраги (ИЦИТАП) при Одделот за правда на САД организираат регионална обука ,,Водење и презентирање на случај (истраги поврзани со наркотици)’, која ќе се одржи во период од 10-13 септември 2019 година во хотел „Александар Палас“, Скопје.


На обуката ќе учествуваат правни практичари од сите инстанци од Република Северна Македонија, како и од Регионот, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија и Србија. 
 Целта на обуката е учесниците да ги утврдат и определат вештините кои што им се потребни за успешно водење на случаи, и кои ќе им овозможат на најсоодветен начин да ги презентираат нивните наоди и доказниот материјал при судските процеси во секојдневнието. 
Во рамките на оваа обука предвидени се и теоретски вежби со студии на случај.