Календар на Активности
СOВЕТУВАЊЕ нa тeмa: ,, Прекршочна постапка со посебен осврт на одмерување на казните согласно Законот за прекршоци ’’  | 17/05/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,, Прекршочна постапка со посебен осврт на одмерување на казните согласно Законот за прекршоци’’,  кое ќе се одржи на 18 мај 2017 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10 часот.

Советувањето е наменето за судии од прекршочните оддели од сите апелациони подрачја, претставници на Министерство за внатрешни работи, прекршочни органи и второстепена комисија.

Предавачи на советувањето ќе бидат г. Хамдирефет Бафтијари, судија на Основен суд Скопје 1 и м-р Николче Петковски,  началник на Сектор за прекршоци, Скопје, МВР.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
 

  • Прекршочна постапка во Министерство за внатрешни работи- одмерување на казни согласно Закон за прекршоци
  • Прекршочна постапка со посебен осврт на одмерување на казните согласно Законот за прекршоци /судска пракса

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:
1. Презентација1
2. Презентација2
3. Презентација3 .