Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СOВЕТУВАЊЕ на тeмa: „ Инструмeнти за Судска соработка во граѓански и кривични предмети “  | 10/07/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка со Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА), организираат две еднодневни советувања на тема: „Инструменти за Судска соработка во граѓански и кривични предмети “ кои ќе се одржaт на 11 и 12 јули (вторник и среда) 2017 година, во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 9:00 часот. 

 

Советувањето на 11 јули 2017 година е наменето за судии, судски соработници и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и адвокати. Советувањето на 12 јули 2017 година е наменето за судии и судски соработници од сите апелациони подрачја и адвокати.

Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат претставници од ЕИПА- Европски центар за судии и адвокати, г-ѓа Petra Jeney Roberta, Виш предавач и  г-ѓа Ribeiro Oertel, предавач.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
 

  • Судската соработка во кривичните предмети I - вовед, правна рамка и соговорници 
  • Судската соработка во кривичните предмети II – процесното и материјалното кривично право на ЕУ 
  • Европскиот налог за апсење водечки инструмент на судската соработка на ЕУ во кривичните предмети  
  • Главни аспекти на ревидирањето на Брисел I- бис Регулатива (I)
  • Главни аспекти на ревидирањето на Брисел I- бис Регулатива (II)
  • Укинување на постапките за давање овластување во новата Брисел I- бис Регулатива 
  • Студија на случај 
 
Агендите согласно кои ќе се одвиваат советувањата можете да ги преземете тука:
Агенда1
Агенда2
 
Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањата можете да ги преземете  тука:
Презентација1                             Презентација6
Презентација2                             Презентација7
Презентација3                             Презентација8
Презентација4                             Презентација9
Презентација5                             Презентација10.