Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СOВЕТУВАЊЕ на темa „Применa нa Зaконот за парнична постапка“  | 04/05/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Примена на Законот за парнична постапка, кое ќе се одржи на 8 мај 2018 година (вторник), во просториите на Академијата, ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од апелационо подрачје Скопје.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје и г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2.


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Спорни правни прашања поврзани со:

-процесните решенија при претходното испитување на тужбата

-определување на вредноста на спорот во зависност од предметот на спорот

-процесни решенија во текот на подготвителното рочиште и главната расправа

-одлуки поврзани со трошоците во постапката и

-дилеми  при примена на најновите измени на ЗПП од 2015 година во делот  кој се однесува на платните налози

  • Сопарничарство, видови и учество на трети лица во парницата 


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:
1. Презентација1
2. Презентација2
3. Презентација3