Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОСТАНOК НА ДИРЕКТОРОТ НA АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ИРЗ – 4.2.2019 ГОДИНА  | 04/02/019

Новости за академијата

На 4 февруари 2019 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорката Проф.Д-р. Наташа Габер Дамјановска одржа средба со г. Томас Матусе, раководител на овластеното тело за организирање на испити по право, г. Франк Лутик, јавен обвинител од Долна Саксонија, г. Аксел Бримел, постојан твининг советник, г. Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции, г-а Емилија Василевска, виш соработник за алтернативни мерки, Билјана Зефиќ, советник за третман на осудени лица, претставници на Твининг проектот „Јакнење на казнено поправниот систем и пробациската служба“


На состанокот се дискутираше за начинот на спроведување на твининг проектот, кој всушност ќе опфаќа организирање на повеќе мултидисциплинарни обуки, предвидени за судии, јавни обвинители, пробациски службеници, судски и јавнообвинителски соработници, како и за претставници на релевантни институции.

Цел на проектот е да се подобри ефикасноста и функционирањето на казнено поправниот систем и развивање на ефикасна и одржлива пробациска служба со целосно почитување на правата и достоинството на лицата лишени од слобода и на лицата над кои се извршуваат пробациски мерки со цел нивна успешна ресоцијализација во заедницата.

Исто така, на 6 февруари 2019 година во клубот на пратеници ќе се одржи тркалезна маса на тема „Промоција на пробациската служба и придобивките од извршувањето на алтернативните санкции“ која Управата за извршување на сакциите ја организира во соработка со Твининг Проектот „Зајакнување на казнено-поправните установи и пробациската служба“.