Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОСТАНOК НА В.Д. ДИРЕКТOРКАТА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ – 8 НОЕМВРИ 2018 ГОДИНА  | 08/11/018

Новости за академијата

На 8 ноември, 2018 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, В.Д. директорката, г-а Вјолца Елмази одржа состанок со јавниот обвинител, г. Џон МекНил, постојан правен советник во Амбасадата на САД.
 

На почетокот на оваа средба, г. МекНил го истакна своето задоволство од досегашната соработка со Академијата, но исто така изрази ги изрази своите очекувања истата да продолжи во нагорна линија, како и укажа на тоа дека амбасадата на САД е спремна да ја даде целосната поддршка за унапредување на капацитетие на Академијата во сите сегменти на нејзиното работење.
 
В.Д. Директорката на Академијата посочи дека ќе бидат вложени сите напори за оваа успешна соработка пред се да продолжи, а исто така и да се подигне на повисоко ниво со цел унапредување на работењето на Академијата и нејзиниот целокупен придонес во правосудството воопшто, за што поддршката на Амбасадата на САД во Скопје е од исклучително значење.
 
На состанокот беа презентирани досега спроведените заеднички активности, кои воглавно вклучуваа кратки, неколкучасовни предавања, и подолги настани, односно повеќедневни обуки, кои пред се се однесуваа на практичните проблеми во спроведувањето на новиот Закон за кривична постапка, а со фокус на предистражната постапка, истрагата, главната расправа, со акцент на директното, вкрстено и дополнително испитување, понатаму, менторство на судии, социјалните медиуми и кривични дела поврзани со истите, обуки за корупција, судиите и медиумите, и слично.


Оваа прилика беше искористена и да се дискутира околу тоа кои и какви активности би се спровеле во заедничка соработка помеѓу Академијата и амбасадата на САД, кои би вклучувале повеќе активности за кои Академијата смета дека има потреба, а со акцент на Обуки на обучувачи поради унапредувањето на квалитетот на базата на едукатори на Академијата, унапредување на почетната обука во Академијата, квалитативно и квантитативно, а во подолг рок и фокусирање на унапредување на просторните капацитети на Академијата како и унапредување човечките ресурси, пред се имајќи ги предвид позитивните оцени на Европската Унија за фунцкионирањето и работата на Академијата за судии и јавни обвинители.
 
Во поглед на почетната обука, беше истакнато дека потребно е истата да биде со пократко времетраење, како би можело да се излезе во пресрет на барањата на судскиот и јавнообвинителскиот совет, имајќи ги предвид зголемените потреби од кадри во правосудството.