Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Извeстyвaњe  | 05/09/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за почетна обука 2019/2021,

Ве известуваме дека објавените листи со термини за полагање квалификациски тест се конечни и не се дозволени промени во однос на термините за полагање.

Што се однесува на термините за одржување на испитите утврдени во објавената Временска динамика, Ве известуваме дека истата беше направена уште пред објавување на огласот за прием во почетна обука и во неа дадените термини се ориентациони термини, со цел Ваше запознавање на сите фази кои следат во рамките на приемниот испит, дотолку повеќе што во никој случај не може да се прејудицира бројот на кандидати кои ќе се пријават на јавниот оглас и истата е подложна на промени.

Би сакале да Ве замолиме, во понатамошниот тек на испитите, да не се придржувате исклучиво до наведените термини во временската динамика, бидејќи текот на одвивањето на активностите ќе зависи од бројот на преостанати кандидати кои ќе ги полагаат испитите имајќи предвид дека сите испити се елиминаторни и не е можно однапред да се определи колкав број на кандидати ќе ги полагаат испитите.

Би сакале да Ве замолиме за разбирање и Ви укажеме дека Академијата ги вложува сите напори да приемниот испит тече без никакви застои и покрај големиот број кандидати кои ги полгаат испитите.

За сите активности проврзани со приемниот испит следете ја веб страната на Академијата.

Ви посакуваме многу успех на испитите кои следат!