Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Прeтставници нa Американска адвокатска комора ABBA ROLI се сретнаа со директорката, претседателот на Управниот одбор и член на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев  | 12/04/019

Новости за академијата

На 12 април 2019 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители  Павел Шатев, директорката проф. Д-р Наташа Габер Дамјановска оствари средба со Американска Адвокатска Комора (American Bar Аssociacion Rule of Law Initiative).


Покрај директорката, на состанокот присуствуваа и јавниот обвинтиел на Основното јавно обвинтиелство Скопје, г. Сашо Рајчев, претседател на Управниот одбор на Академијата и судијата на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Марика Матеска, член на Програмскиот совет на Академијата.

На средбата се дискутираше за актуелното работење на Академијата, а воедно се договорија  идни форми на понатамошна соработка, во насока на унапредување на квалитетот на обуките за правната фела.