Календар на Активности
Соопштeние до мeдиуми  | 16/05/017

Новости за академијата

Во врска со објавените информации на ТВ ТЕЛМА,  Академијата за судии и јавни обвиниели ПАВЕЛ ШАТЕВ, ја информира јавноста за следното:

По приемот на пријавитe по огласот објавен во „Службен Весник на РМ  бр.163/2016 од 30. 08 2016 година“, а по истекот на рокот на огласот на 14.9 2016 година,  на ден 26.09.2016 година, во  Академијата беше примена анонимна пријава со наводи за сомнежи и сознанија дека на огласот се пријавиле лица кои имаат приложено фалсификати на сертификатите за положен  англиски јазик. Веднаш по приемот на анонимната пријава, на 26.09.2016 година, анонимната пријава со барање на директорот за испитување на наводите, беше доставена до Основното јавно обвинителство, на чие барање, се доставени и сите приложени сертификати без исклучок, и од тој момент сите понатамошни дејствија се преземаат од страна на надлежното јавно обвинителство.

Најостро го демантираме секој спектакуларен навод или призвук дека Академијата ги крие информациите за сертификатите како и дека директорот се крие, бидејќи согласно член 32 став 1 алинеја 15 од Законот за Академија (Службен Весник на РМ  бр.20/2015), како овластено лице е одговорно за законитоста на работењето на Академијата, a не е имател на информациите, ниту е овластен да дава било какви информации согласно член 289 од ЗКП со цел за почитување на  начелото на тајноста на предистражната постапка и заштита на начелото на презумцијиа на невиност согласно ЕКЧП.