Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ТРКAЛEЗНA МАСА на тема: „УЛОГАТА НА СУДЕЧКИОТ СУДИЈА ВО ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА“  | 05/07/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира тркалезна маса за Законот за кривична постапка на тема: „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“ што ќе се одржи на 6 и 7 јули 2017 година (четврток-петок), во хотел Арка, Скопје со почеток во 09:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и адвокати.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа, д-р Лаура Валковиќ, адвокат од Загреб и д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Листа на докази и редослед на изведување на докази на главна расправа/Зошто е тоа важно?
  • Улогата на судијата при испитување на сведоци и вештаци  и при изведување на други докази (материјални докази, писмени докази и сл.)
  • Обвинителскиот товар на докажување од една страна и товарот на убедување од друга
  • Правото на одбрана и начелото на еднаквост на оружјето 

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

МАТЕРИЈАЛИТЕ може да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2

Презентација3 .