Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Рaботилница нa тeма: „Фaкторинг според законската рамка“  | 10/07/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Проектот на УСАИД за Факторинг организираат работилница на тема,, Факторинг според законската рамка’’ што ќе се одржи на 13 јули 2018 година (петок), во просториите на Академијата, ламела 3 во времетраење од 10:00 до 12:45 часот.

 

На работилницата ќе учествуваат судии, јавни обвинители и претставници од сите релевантни институции.

Проектот на УСАИД за факторинг има за цел да ја подобри имплементацијата на факторингот и да го подобри законското и регулаторно опкружување, кое им овозможува на малите и средни претпријатија да работат со ефикасност, транспарентност и поголем пристап до алтернативни финансиски решенија.

Со поздравни обраќања работилницата ќе ја отворат г-а Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ и г. Ловре Ристевски, директор на Проектот на УСАИД за факторинг.

Излагање на наведената тема ќе има г. Борис Абрамовиќ, експерт за факторинг од Република Хрватска.

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете тука.