Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
РАБОТИЛНИЦA на тeмa: „ Amicus curiae поднесоци од Народниот правобранител и нивната правна сила во националните судски постапки “ Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, ламела 1 5 декември 2018 година  | 04/12/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира работилница на тема: Amicus curiae поднесоци од Народниот правобранител и нивната правна сила во националните судски постапкишто ќе се одржи на 5 декември 2018 година (среда), во просториите на Академијата, ламела 1 со почеток во 10:00 часот.



Работилницата е наменета за судии и претставници од Народен правобранител на Република Македонија.

 

Со воведно обраќање настанот ќе го отвори: Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, г-а Жанета Попоска, Национален офицер за владеење на правото, Мисијата на ОБСЕ и г. Никола Николоски, државен советник за Amicus curiae, Народен правобранител.

 

На настанот свое излагање ќе имаат г. Никола Николоски, Државен советник за Amicus curiae,Народен правобранител, г-а Зузана Руџинска Блушц, главен координатор во Канцеларијата за стратешки парници, Комесар за човекови права на Република Полска и г-а Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија во Европскиоит суд за човекови права

 

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете Tука.