Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Извeстувањe  | 12/08/019

Новости за академијата

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021 година,

 

Ве известуваме дека согласно веќе објавената Временска динамика, тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, француски или германски јазик), ќе се одржи во Компјутерскиот центар на Правниот факултет во Скопје.  

 

 Поради големиот број на пријавени кандидати, а ограничени технички капацитети за одржување на испитите, полагањето ќе одржи во групи на 26 и 27 август, 2019 година (понеделник и вторник) и тоа поделени во следните термини:

 

26 август, 2019 година (понеделник)

 

I група 09:00-10:30

II група 11:00-12:30

III група 13:00-14:30

IV група 15:00-16:30

V група 17:00-18:30

VI група 19:00-20:30

 

27 август, 2019 година (вторник)

 

I група 09:00-10:30

II група 11:00-12:30

III група 13:00-14:30

IV група 15:00-16:30

V група 17:00-18:30


Ве известуваме дека дополнително до крајот на неделата, ќе ги објавиме листите на кандидати под испитните шифри во која група се распоредени за полагање. За таа цел Ве молиме покрај лична карта/пасош за идентификација, да ги носите и испитните шифри кои ви беа доделени при поднесување на пријавите.

 

Воедно, Ве молиме да бидете на Правниот факултет 30-45 минути пред терминот во кој треба да го полагате исптиот, бидејќи претходи постапка за идентификација на секој кандидат и доделување на пристапен код за отпочнување на тестот.



По објавување на отпочнување на полагањето од страна на претседателот на Комисијата за приемен испит, нема да биде дозволено влегување на кандидат за полагање, ниту овозможено во друг термин да го изврши полагањето. Ве молиме имајте го ова предвид.

 

Тестот ќе содржи 100 прашања и може да се освојат максимум 100 бода. Секое прашање ќе содржи 3 понудени одговори, од кои 1 одговор е точен и носи 1 бод, а другите 2 понудени одговори се неточни и носат 0 бодови.

 

За да го положите тестот потребно е да одговорите точно на најмалку 55 прашања.

При завршување на тестот ќе добиете покрај резултат со број на освоени бодови и ПОЛОЖИЛ/НЕ ПОЛОЖИЛ: (55 бода-100 бода)ПОЛОЖИЛ/(0 бода-54 бода)НЕ ПОЛОЖИЛ.

 

            Против резултатите од овој тест не е дозволен никаков ПРИГОВОР.

 

Со оглед на тоа што секој дел од испитот е елиминаторен, за да се стекнете о право да го полагате Квалификацискиот тест потребно е да добиете резултат на овој тест ПОЛОЖИЛ.

 

За полагање на тестот ќе имате на располагање 90 минути, и по истекот на 90-та минута автоматски завршува полагањето, доколку претходно не сте го завршиле сами со кликање на КРАЈ НА ТЕСТОТ. Времето што ќе ви биде на располагање за решавање на тестот постојано ќе ви биде прикажано во горниот десен агол на екранот.

 

На прашањата не мора да одговарате по ред, можете и во текот на полагањето да се навраќате и менувате одговор на веќе одговорено прашање, се до моментот на завршување на тестот/истекот на 90-те минути. Не одговорените прашања се бодираат со 0 бодови.

 

За време на тестот не смеете да користите било какви електронски средства за комуникација или пак друг вид на помагала, претходно подготвени предмети, правни документи, принтан материјал или било кој друг извор на информации. Препишување е најстрого забрането, како и контактирање со други лица, освен доколку имате технички проблем со компјутерот при што може да го повикате само информатичарот. За време на полагањето не смеете да ја напуштате просторијата, пред завршување на тестот.  Доколку постапите спротивно на укажаното, ќе бидете отстранети од полагањето, Вашиот тест ќе биде поништен и нема да биде предмет на понатамошно разгледување од страна на Комисијата.  

 

            Ви посакуваме многу успех!

 

 

 Со почит,

 

    Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска

     Директор на Академијата за судии

                и јавни обвинители

                  ПАВЕЛ ШАТЕВ