Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација”  | 11/06/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев  во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ), организира советување на тема: „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација”, што ќе се одржи на 12 јуни (среда) 2019 година, во просториите на Академијата – Ламела 1.

 

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели кои постапуваат по работни спорови и стручни соработници од сите апелациони подрачја во Република Северна Македонија.

 

На советувањето излагања ќе имаат Д-р Каролина Михаљевиќ-Шулце, адвокат од Берлин, Проф. Зоран Михајловски, поранешен судија на АС Скопје и Г-а Хилда Мешкова, судија на Основен граѓански суд

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Вознемирување на работно место-мобинг  
  • Судската постапка за антидискриминација во Република Северна Македонија


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ  кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2

Презентација3