Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Обука на обучувачи на тема: ,,Правна аргументација, структура и образложение на пресудите во согласност со практиката на Европскиот суд за човекови права”  | 11/03/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” и Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“ поддржана од Британската амбасада во Скопје, организираат две еднодневни обуки на обучувачи на тема „Правна аргументација, структура и образложение на пресудите во согласност со практиката на Европскиот суд за човекови права“, што ќе се одржат на 11 и 12 март 2019 година во просториите на Академијата-ламела 1, со почеток во 9:30 часот. 

 

Обуките се наменети за судии кои се пријавија на јавниот повик за предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев”.

 

Обуките на обучувачи ќе ги спроведат: д-р Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и м-р Велимир Деловски, поранешен стручен соработник во Европскиот суд за човекови права.

 

Со свои поздравни обраќања обуките на обучувачи ќе ги отворат проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” и г-ца Горица Наџинска од Центарот за правни истражувања и анализи.

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвиваат обуките можете да ја преземете тука.