Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
г-a ALICE PROY, кандидат за судија на Државната правосудна академија, Бордо, Република Франција ќе го реализира својот потребен стаж во странство во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев  | 06/02/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, во периодот од 3 февруари до 22 февруари 2019 година, г-a ALICE PROY, кандидат за судија на Државната правосудна академија во Бордо, Република Франција, ќе го реализира својот потребен стаж во Република Македонија, во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

Стажирањето во надворешни странски судски институции е пракса на Државната правосудна академија на Република Франција, а целта е кандидатот да се запознае со правните системи на другите земји.

Во таа насока, Академијата подготви посебена Агенда адаптирана на интересите и правните области кои се значајни за г-a ALICE PROY, во чии рамки се предвидени низа посети на релевантни правосудни институции каде ќе може да се запознае подетално со нивната организациска поставеност и секојдневната работа, пришто ќе има можност и преку поединчени средби да размени искуства со судиите и јавните обвинители од Република Македонија, како и со претставниците на останатите релевантни институции во Република Македонија.

г-a ALICE PROY, своето стажирање ќе го започне во Академијата за судии и јавни обвинители, каде ќе остварии работна средба со директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска како и со дел од вработените пришто ќе има можност да се запознае со работата на Академијата, нејзината организациска структура, како и нејзината улога во правосудниот систем на Република Македонија.


Во рамките на останатите денови г-a ALICE PROY ќе оставари низа работни средби и состаноци во Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје, Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2, Министерство за правда на Република Македонија, Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права како и присуство на Тркалезна маса на тема „Промоција на пробациската служба и придобивките од извршувањето на алтернативните санкции“ во соработка со Твининг Проектот „Зајакнување на казнено-поправните установи и пробациската служба“.