Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Мерките на процесна заштита согласно ЗКП и Закон за правда за децата / специфики при испитување дете – жртва и сведок во кривична постапка“  | 04/12/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Мерките на процесна заштита согласно ЗКП и Закон за правда за децата / специфики при испитување дете – жртва и сведок во кривична постапка, кое ќе се одржи на 6 декември 2017 година (среда), во просториите на Академијата, ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за кривични судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на надлежни институции.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, г-ѓа Кети Јандријеска-Јованова, адвокат и г-ѓа Олимпија Гроздановска, раководител на сектор за детска заштита, УНИЦЕФ.

 


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Вовед во националната и меѓународна легислатива 
  • Водење разговор со дете жртва или сведок на кривично дело 
  • Повеќесекторски пристап при работа со деца жртви и сведоци
  • Разгледување студија на случај и примери од пракса


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1                                       6. Презентација6

2. Презентација2                                       7. Презентација7

3. Презентација3                                       8. Презентација8

4. Презентација4                                       9. Презентација9

5. Презентација5                                      10. Презентација10

11. Презентација11                                  13. Презентација13 

12. Презентација12                                  14. Презентација14

                                                                  15. Презентација15

 

https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Jusitce_for_Children_Manual_MK_Final.pdf