Календар на Активности
СТИПЕНДИИ OД МИНИСТЕРСТВOТO ЗА НАДВОРЕШНИ И ЕВРОПСКИ РАБОТИ НА ЛУКСЕМБУРГ  | 17/05/017

Новости за академијата

Министерството за Надворешни и Европски Работи на Луксембург (МНЕРЛ) нуди три стипендии за претставници, припадници на правосудството, претставници на организации од граѓанскиот сектор и правни професионалци од следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

 

Целта на стипендиите е да им овозможи на тројца кандидати кои веќе имаат започнато кариера, а сакаат да ја дополнат со Мастер програма по Европски правни студии (MELS Online) во Луксембург. Стипендијата е наменета за апликанти со потреба од финансиска помош.

 

Апликацијата на англиски и француски, како и промотивни материјали и повеќе информации за правилата и барањата може да најдете на линковите подолу.
 Линк1;  Линк2;  Линк3;  Линк4;  Линк5.
 
Од пријавените кандидати, комитет за избор ќе избере 6 кандидати кои ќе бидат поканети на интервју.
 
Крајниот рок за аплицирање е 25 јуни 2017 година.