Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Мултилатерална хoспитациска прoграма на германски јазик за судии и јавни обвинители  | 03/07/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинител во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Сојузот на германските судии и Покраинските правосудни управни служби, организира мултилатерална хоспитациска програма на германски јазик за судии и јавни обвинители, која успешно се спроведува веќе неколку години. 
 
Програмата е наменета за граѓански/трговски судија/-и или кривичен судија/-и јавен обвинител/-и со добри познавања на германскиот јазик (колоквијален јазик и стручен правен јазик) за овогодинешната хоспитациска програма која ќе се одвива во периодот (13.-30.11.2018).

На располагање се едно до две места за учество по земја. Меѓутоа би можеле да бидат предложени и повеќе кандидати, кои би биле земени предвид, доколку од сите земји не биде именуван кандидат.

 
Веднаш под текстот од линкот можете да ги преземете  информациите за оваа програма (т.е. Описот на програмата на германски и англиски јазик и формуларот за апликација)
Линк 1
Линк 2
Линк 3
 

Предуслов за учество се соодветните јазични познавања на германскиот јазик.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите, ги охрабруваме да се достават пополнета апликација до Академијата, а рокот за пријавување за учество е најдоцна до понеделник, 6 јули 2018 год.