Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Известување дo јавнoста  | 15/07/019

Новости за академијата

Почитувани,

Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ континуирано ги вложува сите напори и ги презема сите потребни дејствија за целата постапка за приемен испит да помине во најдобар можен ред.

Во насока на доследно почитување на законот, особено на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (со нагласок на Глава седум), како и правилата на Академијата, а со цел елиминирање на можни неправилности при спроведувањето на приемниот испит, Академијата, води сметка да не постои состојба на судир на интереси.

За таа цел, од Академијата беа доставени укажувања до сите лица кои учествувале, учествуваат и на било кој начин се вклучени во постапката за приемен испит, а имаат блиски лица кои се пријавиле на огласот, да ја известат за тоа Академијата.

Од своја страна, Академијата ќе постапи, така што ќе обезбеди заштита од овие состојби, за да испитот го сочува својот интегритет.

Исто така, информираме дека, укажување беше доставено и до системот за електронско тестирање кој е одговорен за спроведување на испитите, како и до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, како договорен орган кој во име и за сметка на сите институции кои спроведуваат електронски испити е задолжен да ги координира активностите помеѓу системот за електронско тестирање и институциите корисници.

 

Исто така ја информираме јавноста и ги известуваме сите заинтересирани лица, дека од вкупно пријавени 673 кандидати на јавниот оглас за прием во почетна обука, по разгледувањето на пријавите од Комисијата за приемен испит состојбата е следна:

 

Ненавремени пријави – 1 пријава;

Повлечени пријави – 1 пријава;

Неуредни пријави – 25 пријави;

Уредни пријави – 646 пријави.

 

По завршување на постапките за неуредните пријави по приговори/жалби, дополнително ќе ја информираме јавноста за конечниот број кандидати кои ќе ги полагаат испитите.

 

Со почит,

Директор,

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска