Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ПОДГОТВИТЕЛНА OБУКА ЗА РAБOТНА ПОСЕТА: „Вовед во германското право“  | 27/11/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка, (IRZ) и со средства на германското Сојузно министерство за надворешни работиорганизираат програма за поддршка на македонскиот правнички подмладок.

 

 Во рамките на оваа програма предвидено е за време на еднонеделен студиски и работен престој во Германија, младите македонски правници да се запознаат со германскиот правен систем како пример за традиционален континентално европски правен систем што е хармонизиран со правото на ЕУ и притоа да соберат искуства кои ќе им користат за нивната подоцнежна работна пракса како судии и јавни обвинители

                                                                              

Подготвителната обука ќе се одржи од 28-30 ноември 2017 година (понеделник-среда) во просториите на Академијата, ламела 3,  со почеток во 13:30 часот.Подготвителната обука ќе ја спроведе адвокат д-р Штефан Пирнер, регионален  проектен раководител на ИРЗ за Проектната област 7 ,, Југоисточна Европа I ‘’ (Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија), која  ќе се заокружи со еден испит, чие успешно положување ќе биде предуслов за учество во посетата на Германија.    

 

            ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива подготвителната обука можете да ја преземете Tука.