Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
г-a MARGAUX BUISSON, кандидат за судија на Државната правосудна академија, Бордо, Република Франција ќе го реализира својот потребен стаж во странство во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев  | 05/03/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, во периодот од 5 март до 23 март 2018 година, г-a MARGAUX BUISSON, кандидат за судија на Државната правосудна академија во Бордо, Република Франција, ќе го реализира својот потребен стаж во Република Македонија, во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.
Стажирањето во надворешни странски судски институции е пракса на Државната правосудна академија на Република Франција, а целта е кандидатот да се запознае со правните системи на другите земји.
Во таа насока, Академијата подготви посебена Агенда адаптирана на интересите и правните области кои се значајни за г-a MARGAUX BUISSON, во чии рамки се предвидени низа посети на релевантни правосудни институции каде ќе може да се запознае подетално со нивната организациска поставеност и секојдневната работа, пришто ќе има можност и преку поединчени средби да размени искуства со судиите и јавните обвинители од Република Македонија, како и со претставниците на останатите релевантни институции во Република Македонија.


Првиот ден од своето стажирање г-a MARGAUX BUISSON, ќе го започне во Академијата за судии и јавни обвинители, каде ќе остварии работна средба со директорот на Академијата, г-а Анета Аранудовска како и со дел од вработените пришто ќе има можност да се запознае со работата на Академијата, нејзината организациска структура, како и нејзината улога во правосудниот систем на Република Македонија.
Во рамките на останатите денови г-a MARGAUX BUISSON ќе оставари низа работни средби и состаноци и тоа во: Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2, Вишо јавно обвинителство Скопје, Министерство за правда на Република Македонија, Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Министерство за внатрешни работи – Сектор за меѓународна полициска соработка и Сектор за криминалистичкка техника, Канцеларија на Народниот правобранител на Република Македонија, Управата за финансиска полиција; Адвокатска комора на Република Македонија и Комора на извршители на Република Македонија.