Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
Средба нa дирeкторкатa со НЕ амбасадорот Клеменс Која - шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје и Алесио Цукарини – шеф на одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје  | 12/04/019

Новости за академијата

На 12 април 2019 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители  Павел Шатев, директорката проф. Д-р Наташа Габер Дамјановска оствари средба со НЕ амбасадорот Клеменс  Која - шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје и Алесио Цукарини – шеф на одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка во рамки на којабеше поставена  платформата за е-учење за Законот за кривична постапка чија цел беше зачувување и пренесување на сите материјали кои произлегоа од напредните обуки за ЗКП, спроведени по донесување на Законот,а  кои се прикачени на веб страната на Академијата и континуирано ќе продолжат да се надополнуваат.

 

 
Исто така, се разговараше дека идните активности во рамки на соработката помеѓу Академијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се реализираат преку настани посветени на антидискриминационото законодавство и концептот на еднаквост, криминалот од омраза, Законот за кривична постапка, за теми од КЗ и ЕКЧП.