Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОСТАНОК НA ДИРEКТОРКАТА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГЕРМАНСКАТА ФОНДАЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА СОРАБОТКА ИРЗ – 18 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА  | 18/12/018

Новости за академијата

На 18 декември, 2018 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорката Проф.Д-р Наташа Габер Дамјановска одржа состанок со претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка - ИРЗ.

 

На состанокот, од двете страни беа презентирани досегашната соработка  и динамиката на заедничко организирање на разни настани помеѓу Академијата и ИРЗ, и беше нагласена потребата истата да продолжи во нагорна линија.

 

Исто така, се дискутираше и за тоа конкретно во која насока би се организирале настаните за наредната година, а се напомена фактот дека тоа би било, но не би се ограничило на темите од граѓанска област, како и трговско право, медијација, теми околу истанбулската конвенција, а како исклучително важни се истакнаа темите за soft skills кај правните практичари.