Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ нa темa „Ефикаснa имплементацијa на Истамбулската конвенција“  | 10/10/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со UNDP организира советување на тема „Ефикасна имплементација на Истамбулската конвенција, кое ќе се одржи на 12 октомври 2017 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 9:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето свое излагање ќе има проф.д-р Стојанка Мирчева од Факултетот за безбедност.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Цел, основни принципи и дефиниции на Конвенцијата
  • Чекори кон ратификација на Конвенцијата
  • Дефинирање и составни елементи на родово засновано насилство
  • Облици на родово засновано насилство, ранливост и причини
  • Одговорност за чинење или нечинење на државни субјекти
  • Одговорност за чинење или нечинење на не-државни субјекти
  • Принципот на должно внимание во заштита од родово базирано насилство

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.