Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ нa темa „Судовите, јaвните обвинителствa и комуникацијата – прaвила на комуникација со медиумите и јавноста / значењето на социјалните мрежи“  | 13/03/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Судовите, јавните обвинителства и комуникацијата – правила на комуникација  со медиумите и  јавноста / значењето на социјалните мрежи, кое ќе се одржи на 14 март 2018 година (среда), во просториите на Академијата, ламела 1, со почеток во 10:00 часот. 
 
Советувањето е наменето за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и лица задолжени за односи со јавност во судовите и јавните обвинителства.
 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Јован Цветановски, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, г. Александар Шопов, претседател на Основен суд Велес и доц. д-р Јасмина Миронски, предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавност во Скопје, а воедно и дел од тимот обучувачи на програми за комуникација со медиумите и односи со јавноста во Македонскиот институт за медиуми.
 
На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Потреба од комуникација со медиумите
  • Развој и пракса на Јавното обвинителство
  • Проблеми во пракса
  • Судовите и односите со јавноста
  • Правила на комуникација со медиумите и јавноста
  • Значењето на социјалните мрежи
  • Анализа на состојбите и предлози за унапредување на степенот на отвореност на судовите кон јавноста и медиумите
  • Алатки и техники за комуникација (фокус на алатките за комуникација со медиумите)
  • Сличности и различности на медиумите (печатени, електронски, социјални)
  • Препораки за ефективна комуникација и говорот на телото


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

1. Презентација1                                          4. Презентација4

2. Презентација2                                          5. Презентација5

3. Презентација3                                          6. Презентација6

7. Презентација7                                          8. Презентација8 

9. Презентација9 .