Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОСТАНОК НA ДИРЕКТОРКAТА НА АКАДЕМИЈАТА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА АМЕРИКАНСКИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ – 7 МАРТ 2019 ГОДИНА  | 11/03/019

Новости за академијата

На 7 март, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорката Проф.Д-р Наташа Габер Дамјановска одржа средба со Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери составен од седум млади уѓе кои политички се активни во Соединетите Американски Држави.         

 

 

 

Делегацијата составена од г-а Кристина Блеклауд, директор, г-а Аршуа Гордон, советник, г-а Диана Грахам, претседател, г. Џеферсон Грифин, судија, г. Кен Макси, директор, г.Џастин Роебак, судски соработник и г. Мет Робинс, директор предвидено е да посети повеќе институции и градови во државата, како и средби претставници на политички партии. Согласно нивната агенда, предвидена беше и посета на Академијата за судии и јавни обвинители.

 

 


Цел на нивната посета е тие да се запознаат со актуелните состојби во политиката како и функционирањето на институциите на државата.

Директорката на Академијата, Проф. Д-р Габер Дамјановска ја презентираше работата на Академијата, односно поблиску го долови работењето на почетната и континуираната обука, реформите кои се спроведуваат во самата Академија, како и во правосудството воопшто и слично.

Директорката, меѓудругото укажа на тоа дека влезот во правосудството, согласно препораките на ЕУ е исклучиво преку Академијата.

Исто така, на Делегацијата беа презентирани и компаративни искуства и најдобри практики во правосудството и од регионот