Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
АКАДЕМИЈАТА ЗA СУДИИ И ЈAВНИ ОБВИНИТEЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИИ ДОДЕЛЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЛУКСЕМБУРГ  | 05/02/019

Новости за академијата

Во рамки на соработката со EIPA, Луксембург, до Академијата беше доставена понуда за прибирање на апликации за стипендии, финансирани од Министерството за надворешни работи на Луксембург.
 
Имено, понудени се четири стипендии за претставници од правосудството, невладиниот сектор и правни практичари од следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Турција.
 
Целта на стипендиите е да се овозможи на четворица кандидати кои веќе започнале професионална кариера да следат Мастер програма за Европски правни студии во Луксембург. Стипендијата конкретно е наменета за апликанти на кои им е потребна финансиска поддршка.
 
Општите услови за пријавување се следните:

  • Пополнета апликација
  • Мотивациско писмо
  • Фотокопии од завршени студии (минимум дипломирани) преведени на англиски или француски
  • Доказ за познавање на англиски и француски јазик
  • Потврда за дозвола од работодавачот
 

Во документите подолу се наоѓаат повеќе детали за повикот, брошура за програмата и формулар за апликација на англиски и француски јазик.

Детали за повикот

Брошура за програмата

Формулар за апликација на англиски јазик

Формулар за апликација на француски јазик

Заинтересираните може да ги достават своите апликации до Академијата, на следните е-маил адреси: Sanja.Pandilov@jpacademy.gov.mk или на Tomislav.Jovanovski@jpacademy.gov.mk