Календар на Активности
СОВЕТУВАЊЕ на тeмa: „Рaкoвoдење и управување согласно Законот за судска служба“  | 19/05/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, согласно Планот на обуки за 2017 година организира советување на тема: „Раководење и управување согласно Законот за судска служба“ што ќе се одржи на 22 мај 2017 година (понеделник), во просториите на Академијата -Ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судски администратори од сите судови во Република Македонија.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-дин Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид и г-дин Сашо Темелковски, судски администратор во Основен суд Прилеп. 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Раководење по Законот за судска служба
  • Управување по Законот за судска служба

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

1. Презентација1

2. Презентација2.