Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тeмa „Зaштитa од дискриминаицја и еднаков третман на ромите во преткривична и кривична постапка“  | 07/03/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи организира две еднодневни советувања на тема  „Заштита  од дискриминаицја и еднаков третман на ромите во преткривична и кривична постапка кои ќе се одржат на 8 и 9 март 2018 година (четврток и петок), во просториите на академијата. 

 

Советувањето е наменето за слушателите на почетна обука на академијата, како и за судии, јавни обвинители, стручни соработници, претставници на релевантни институции и организации, како и за адвокати.

 

На советувањето свое излагање ќе имаат проф.др. Ивана Крстиќ од правниот факултет во Белград и г-а Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Поим, елементи и облици на дискриминација
  • Меѓународна правна рамка за заштита од дискриминација
  • Специфична положба на Ромите – улогата на стереотипите и предрасудите, посебни мерки
  • Дискриминација на Ромите во кривична постапка и праксата на ЕСЧП
  • Работилница-препознавање на дискриминацијата кон Ромите

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.