Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на темe „Прaвeн трeтмaн нa разлачните и излачните доверители во стечајна постапка и односот помеѓу стечајот и извршувањето“  | 02/04/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Правен третман на разлачните и излачните доверители во стечајна постапка и односот помеѓу стечајот и извршувањето, кое ќе се одржи на 4 април 2018 година (среда), во просториите на Академијата, ламела 1, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од оддели за трговски спорови и стечајни судии од сите апелациони подрачја, претставници на Комора на стечајни управници на РМ и адвокати.

 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Наташа Савовска-Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и г-ѓа Биљана Јачева, судија на Основен суд Велес.


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:
 

  • Правен третман на разлачните и излачните доверители во стечајната постапка
  • Однос помеѓу стечајната и извршната постапка
 
 ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.
 
РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ:
1.Презентација 1
2.Презентација 2