Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
РАБОТНА СРЕДБА нa претстaвници на aпелационите судови и Врховниот суд на РСМ за хармонизирање на судската практика  | 13/03/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” и Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на Британската амбасада во Скопје организираат работна средба на претставници на апелационите судови и Врховниот суд на РСМ за хармонизирање на судската практика, што ќе се одржи од 13-ти до 15 март 2019 година во хотел „Епинал“ во Битола. 

 

На работната средба ќе се разгледаат спорни правни прашања од граѓанска и кривична област доставени од апелационите судови со цел усогласување на ставовите во насока на хармонизирање на судската практика во државата.

 

Со свои поздравни обраќања работната средба ќе ја отворат проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев”, судија Шефајет Хајдари, претседател на Апелациониот суд Гостивар и Жарко Хаџи-Зафиров, програмски раководител во Центарот за правни истражувања и анализи.

 

АГЕНДАТА  согласно која ќе се одвива работната средба можете да ја преземете тука.