Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на темa „Предистражнa постапка: улогата на вештите лица и техничките советници / полициски извиди“  | 08/03/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Предистражна постапка: улогата на вештите лица и техничките советници / полициски извиди, кое ќе се одржи на 9 март 2018 година (петок), во просториите на Академијата, ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, претставници на Министерство за внатрешни работи.

 

На советувањето излагања ќе имаат д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и д-р Слободан Оклевски, началник на Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.

 


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Вештачењето како доказно средство според Законот за кривична постапка
  • Улогата на вештите лица за време на истрагите на место на настан


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
 
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.