Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Спoгoдување нa кривична санкција и пресуда врз основа на спогодба“  | 10/06/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Спогодување на кривична санкција и пресуда врз основа на спогодба“, кое ќе се одржи на 11 јуни  2019 година (вторник), во просториите на Основен суд Гостивар, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за cудии од кривичните оддели, јавни обвинители од апелационо подрачје Гостивар.

 

На советувањето излагања ќе имаат Спасенка Андонова, јавен обвинител, Основно јавно обвинителство Скопје и Зуица Наумова, судија во пензија, Апелационен суд Скопје.


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Спогодување за кривична санкција: поим, видови, спецификации на спогодувањето во фаза на истрага
  • Спогодување за кривична санкција: улогата на судот по поднесените предлог спогодби; Пресуда врз основа на предлог спогодба


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.