Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Дoстaвa нa судски писмeна, согласно Законот за парнична постапка и Законот за кривична постапка“  | 04/12/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира советување на тема „Достава на судски писмена, согласно Законот за парнична постапка и Законот за кривична постапка“ кое ќе се одржи на  4 декември 2017 година (понеделник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето се организира за судски службеници-доставувачи од сите судови во Република Македонија.

 

Во рамките на советувањето свое излагање ќе има г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на РМ и г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Достава на судска писмена согласно ЗПП
  • Достава на судска писмена согласно ЗКП


Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете на следниот линк.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1

2. Презентација2