Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: ,,Кривичнo делo убиство, видови криминалистички и судски вештачења”  | 10/07/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: „Кривично дело убиство, видови криминалистички и судски вештачења “, кое ќе се одржи на 10 јули 2019 година (среда) во просториите на Академијата. 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели,  јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја и претставници од Министерство за внатрешни работи.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Александар Марковски, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, д-р Слободан Оклевски, генерален советник во кабинет на директорот, Биро за јавна безбедност и доц. д-р Александар Станков, раководител на Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Казненоправен третман на убиствата како различни кривични дела во нивните основни, квалифицирани и привилегирани облици- практични примери
  • Видови криминалистичо - технички вештачења кај кривично дело убиство и систем на администрирање и постапување со материјалните траги и предмети од место на настан
  • Судскомедицинска експертиза при кривично дело убиство


АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.