Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Кoристење нa прaксaта на Европскиот суд за човекови права при носење судски одлуки“  | 13/05/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Користење на праксата на Европскиот суд за човекови права при носење судски одлуки, кое ќе се одржи на 14 мај 2019 година (вторник), во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од апелационо подрачје Битола.

 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Велимир Деловски, правен советник (консултант) на Врховниот суд за праксата на Европскиот суд за човекови права, г-ѓа Лидија Тасева, судија во пензија, Врховен суд на Република Северна Македонија и г. Александар Гоџо, адвокат.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Судската пракса на Европскиот суд за човекови права како дополнително средство за аргументација на домашните пресуди со посебен осврт на граѓанските постапки  
  • ХЕЛП програма за едукација на правните професионалци и корисни алатки за правно пребарување на релевантната судска пракса на ЕСЧП 
  • Улогата на Врховниот суд во националната имплементација на Европската конвенција за човекови права
  • Придонесот на адвокатурата кон примената и користењето на праксата на Европскиот суд за човекови права во процесот на правораздавањето и донесувањето на пресуди на домашните судови


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ  кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2

Презентација3

Презентација4