Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Применa нa Законот за енергетика и енергетска ефикасност кај судските згради“  | 01/11/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Примена на Законот за енергетика и енергетска ефикасност кај судските згради“, што ќе се одржи на 05 ноември 2018 година (понеделник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за претседателите на судовите и судските администратори од сите апелациони подрачја во Република Македонија.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Даниела Младеновска и г-н Горан Танчевски, квалификувани експерти за системи за управување со енергија.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Енергетска ефикасност на судските згради, заради рационална потрошувачка на енергијата  
  • Системски пристап за подобрување на енергетската ефикасност
  • Други импликации од Законот за енергетика на Република Македонија и Директивите на Европската Унија поврзани со енергија и енергетската ефикасност


Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени во текот на советувањето можете да ги презмете на следниот линк.