Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОСТАНОК НА В.Д. ДИРЕКТОРКAТА НA АКAДЕМИЈАТА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗАЕДНИЧКАТА ИСТРАЖУВАЧКА МИСИЈА НА АМБАСАДАТА НА ФРАНЦИЈА ВО СКОПЈЕ – 6 Н  | 06/11/018

Новости за академијата

На 6 ноември, 2018 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, В.Д. директорката, г-а Вјолца Елмази, претседателот на Управниот одбор на Академијата, јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство, г. Сашо Рајчев, и заменик претседателот на управниот одбор на Академијата, судијата во Основен суд Скопје 1 Скопје, г-а Оља Ристова, одржаа состанок со г-а Александра Савие, Судија, Шеф на Канцеларијата за соработка, Делегација за европски и меѓународни работи  при Министерство за правда, г-а Валентина Салвато, Висок проектен менаџер, GIP Меѓународна соработка за правда и г-а Жули Маравал, аташе за соработка



На самиот почеток на состанокот, претставниците на Академијата им посакаа добредојде на претставниците на Заедничката истражувачка мисија и ја истакнаа решителноста во заложбите на Академијата, досегашната соработка да продолжи, а воедно и да се унапреди без никакви пречки. Исто така,  беа претставени новите органи на Академијата, а воедно накратко се презентираа и начинот и динамиката на моменталното работење.

 

Претставниците на Академијата особено истакнаа дека во наредниот период ќе се разгледаат сите можности за продлабочување на соработката, ќе бидат предложени повеќе форми на соработка, меѓудругото организирање на обуки, размени на слушатели на почетните обуки на Академијата за судии и јавни обвинители и француската правосудна Академија (ЕНМ), организирање на часови по правен француски јазик на почетно и напредно ниво, учество на кандидатите и менторите на натпревари, студиски и работни посети за размена на најдобрите практики со цел унапредување на досегашната соработка помеѓу двете академии, како и на работата на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

 

 

 

Во оваа насока, се истакна фактот дека Академијата со особено задоволство ќе ја продолжи соработката и во обратна насока, односно ќе продолжи традицијата Академијата да прими кандидати од француската правосудна Академија на повеќенеделен престој.

 

Исто така, беше истакнато дека предлози за унапредување на работењето на оваа институција се секогаш добредојдени и дека истите би биле топло прифатени од страна на Академијата и органите на Академијата. Ова, особено поради што состанокот се одржа во моменти кога програмата на обуки за наредната година е во фаза на подготовка, па предлози за збогатување на каталогот на обуки на Академијата и за преземање на најдобрите практики би биле од особено значење, а пред се обуки и проекти кои се актуелно потребни.

 

Од стручната служба на Академијата беше посочено дека во досегашните извештаи на Европската комисија, работата на Академијата беше оценета со највисока оцена, но се истакнува потребата од зајакнување на просторните капацитети и зголемување на капацитетот на човечки ресурси.

Претставниците на Заедничката истражувачка мисија накратко ја презентираа својата цел на нивната посета и изразија огромна поддршка во унапредувањето на досегашната соработка со Академијата и поканија размената на предлози за истото да продолжи преку одржување на понатамошна комуникација и дека ставовите на претставниците на Академијата ќе бидат пренесени во амбасадата на Франција во Скопје и во француската правосудна академија.

 

Во оваа прилика Академијата на претставниците на Заедничката истражувачка мисија го достави и последниот годишен извештај за работата на Академијата за судии и јавни обвинители.