Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Член 6 од ЕКЧП- Право на правична судска постапка“  | 13/03/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Член 6 од ЕКЧП- Право на правична судска постапка, кое ќе се одржи на 14 март 2019 година (четврток), во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии  од кривични оддели и јавни обвинители стручни соработници од апелационо подрачје Битола.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-н Санде Зиков, на Апелационен суд Скопје и  г-н Ристо Бојаџиски, обвинител на Основно јавно обвинителство Штип


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Член 6 – општи принципи
  • Законитост, образлагање и правичност на пресудите
  • Еднаквост на оружјата и адверзијална постапка
  • Доказна постапка, испитување на сведоци, употреба на сведочењето како доказ   
  • Стандардот и товарот на докажување
  • Посебни принципи поврзани со битието на кривичното дело
  • Правна квалификација на обвинението  
  • Спогодување за вина и образлагање на пресудата
  • Студија на случај - практична вежба заснована на случај од праксата на ЕСЧП


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.