Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Член 5 од Европската Конвенција за човекови права – Право на слобода и безбедност“  | 10/06/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Член 5 од Европската Конвенција за човекови права – Право на слобода и безбедност, кое ќе се одржи на 12 јуни 2019 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Марија Клетничка-Марковска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје и г. Ристо Бојаџиски, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Членот 5 од ЕКЧП низ призмата на одлуките на нашето законодавство – судска пракса на Република Северна Македонија во врска со членот 5 од ЕКЧП
  • Членот 5 од ЕКЧП низ призмата на одлуките на судовите на Република Северна Македонија и другите земји потписнички – судска пракса со посебен осврт на фактички ситуации како посебни: Лишување од слобода во контекст на кривичната постапка и Душевно здравје 
  • Законито лишување од слобода согласно чл. 5 ст.1 од ЕКЧП 
  • Предуслови за легалност и законитост и заштита од произволност од национален контекст
  • Права на лицата лишени од слобода


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ  кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука

Презентација1